Детски градинки

Општинска јавна установа за деца -детска градинка „ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ„ ДЕЛЧЕВО

ул. Светозар Марковиќ бр. 12 Делчево

Тел: 033 411 872;

e mail: ojudgveselicvetovi@yahoo.com

 

ДИРЕКТОР НА ОЈУДГ „ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ ДЕЛЧЕВО

Билјана  Симовска

ВРАБОТЕНИ

Пол Број на вработени Број на воспитувачи Број на негователи Број на стручни работници, соработници Административни работници Техничка служба Директор
Женски 44 11 21 2 3 6 1
Машки 7 1       6  
Вкупно 51 12 21 2 3 12 1

ОБЈЕКТИ

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И УСЛОВИ ВО КОИ РАБОТИ ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст на Јавната установа детска градинка „Весели Цветови„ Делчево, се остварува во два објекти.

Објект 1 се наоѓа на ул. Методи Митевски Брицо„ бр. 36 Делчево и

Објект 2 се наоѓа на ул. Светозар Марковиќ бр. 12 Делчево

Број на воспитни групи и деца запишани до 31.12.2022 година во воспитна 2022/2023 година

во двата објекти

Вкупно запишани деца во двата објекти:344деца
Објект 1 –  Капацитет на деца 22,  воспитна групаод 5-6 години

( 12 се женски а10 се машки деца)

Објект 2 –  Капацитет на деца 322,  воспитни групи градинка 10  со 274 децаи 3 групи јасли со 48 деца

( 175 се женски а 147се машки деца)

ПОСТАПКА ЗА УПИС НА ДЕТЕ

Запишување на деца во детската градинка се врши во текот на целата година.

Запишувањето и испишувањето на деца се врши секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот во просториите на градинката ,,Весели Цветови,, матичен објект.

Овде можете да го превземете образецот ,,Пријава за упис во детска установа,,

 ПОСТАПКА ЗА ИСПИС НА ДЕТЕ

-Поднесување на Барање за испишување на дете во просториите на градинката-матичен објект.

-Доказ за последна платена сметка за престој на детето во градинка.

Овде можете да го превземете образецот „Барање за испишување на дете од градинка“

 

ВИЗИЈА И МИСИЈА НА ГРАДИНКАТА

МИСИЈА

Градинката е посветена на секое дете. Раководниот, стручниот, воспитно-згрижувачкиот кадар, родителите и членовите на локалната заедница се партнери во обезбедувањето на стимулативен амбиент кој го збогатува искуството на децата и ја зајакнува самодовербата и социјалните компетенции кај децата од предучилишна возраст. Создаваме поттикнувачка средина за рано учење и развој на децата пред се преку негување на толеранција и тимска работа.

Ние сме воспитно образовна установа која е помош и поддршка на семејството,која се грижи за безбедноста на децата, негуваме другарство, истрајност, креативност, доследност, хуманост и толеранција, давајќи им важност на специфичноста и различноста на секое дете. На тој пат, отворени сме за соработка со заедница и преку игра, меѓусебна поддршка и љубов, сите заедно растеме. Ние сме втор дом на децата, најмладите и најважните членови на нашето општество.

ВИЗИЈА

Во взаемното делување во четириаголникот градинка–семејство–дете– општествена средина,со стурчност, професионалност, одговорност, организираност, систематичнст, сигурност, ефикасност, максимална посветеност и ангажирање, користење н аискуството и следејќи ги потребите на модреното живеење ОЈУДГ„Весели Цветови“-Делчево, обезбедува соодветен педагошки простор за игра, учење, комуникација, творештво со кои се овозможува посакуваниот раст и развој на децата и поставување на темелите на одговорна, иницијативна, креативна личност која ќе може да одговори на барањата на современиот свет.

МЕНИ ЗА ИСХРАНА НА ДЕЦАТА

Подготовката на храната во детските градинки се врши согласно ,,Правилникот за нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детска градинка.

Согласно правилникот се изготвува мени за оброците на децата. Согласно возраста на децата се изготвува мени за оброци за децата од 9месеци до 2 години и мени за оброци на децата од 2-6 години и е разделено по седмици комбинирано прва и трета и втора и четврта седмица од месецот.

 

ДНЕВНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО ВО ГРАДИНКАТА

  • За деца од најрана возраст (од 09 до 24 месеци)
Целодневен престој – активности Време
Прием на децата и слободни активности Од 6.00 часот До 08.00 часот
Подготовки за појадок и појадок Од 8.00 часот До 08.30 часот
Реализација на дневно планирање Од 8.30 часот До 09.00 часот
Претпладневна ужина Од 9.00 часот До 09.30 часот
Слободни игри и престој на воздух До 09.30 часот До 10.30 часот
Тоалет и подготовки за ручек До 10.30 часот Од 11.00 часот
Ручек Од 11.00 часот До 11.30 часот
Тоалет и подготовка за спиење Од 11.30 часот До 11.50 часот
Дневен одмор – спиење Од 12.00часот До 13.30 часот
Подготовка за ужина Од 13.30 часот До 14.00 часот
Ужина Од 14.00 часот До 14.30 часот
Слободни активности,игри и престој на воздух Од 14.30часот До 15.00 часот
Средување на занималните, слободни игри и испраќање на децата Од 15.00 часот До 16.30 часот

 

  • За деца од постара предучилишна возраст (од 2 до 6 години)

 

Целодневен престој – активности Време
Прием на децата и  игри по избор на децата Од 6.00 часот До 8.00 часот
Утринска гимнастика Од 8.00 часот До 8.15 часот
Подготовки за појадок и појадок Од 08.00 часот До 08.30 часот
Реализација на дневно планирање Од 8.30 часот До 09.00 часот
Слободни активности Од 9.00 часот До 09.30 часот
Реализација на дневно планирање Од 9.30 часот До 10.15 часот
Слободни активности,игри, прошетки и престој на воздух Од 10.15часот До 11.00 часот
Подготовка за ручек и ручек Од 11.00часот До 12.00 часот
Дневен одмор – спиење Од 12.00часот До 14.00 часот
Подготовка за ужина Од 14.00 часот До 14.15 часот
Ужина Од 14.15 часот До 14.45 часот
Средување на занималните, слободни игри и испраќање на децата Од 14.45 часот До 16.30 часот