ЈЛБ „Илинден“

Јавна локална библиотека „Илинден“Делчево

Ул.„Светозар Mарковиќ“ бб
тел. 033-412-615
моб. 070-211-719
е-mail: m.biblioteka@t.mk

Членови на УО на ЈЛБ Илинден
Претседател на УО : Маријана Стоименовска
надворешни членови: Коле Манов и Милена Глинџарска
внатрешни членови: Даниела Ѓеоргиевска и Ален Атанасовски
Јавната локална библиотека „Илинден“ располага со вкупно 60.000 книги од кои 22.000 се електронски обработени преку системот КОБИС, а воведена е и програма за електронско издавање на книгите. Библиотеката има 500 редовни читатели.

Последниве две години, библиотеката става посебен акцент на маркетингот на библиотеката и книжевниот фонд, како и на промоција на читањето книги како уникатна вредност што отвора видици и ја гради личноста со богата душевна храна.

Книжевниот фонд е богат со белетристика, дела од светски познати и домашни автори, детска литература, потоа лектирни изданија, изданија од роднокрајни автори, како и голем фонд стручна литература. На барање на читателите, за прв пат од постоењето на библиотеката, е набавена црковна литература.

Кон крајот на 2019 г., библиотеката воведе двосменско работење со што се овозможи вратите на библиотеката да се отворени и во попладневните часови, секој работен ден до 18 часот.

Исто така, во 2019 г. библиотеката воведе и семејна членарина која за разлика од редовната која е 150 денари, семејната членарина чини 250 денари. Со семејната членарина, членовите на едно семејство можат да земат 5 книги, а не 3 колку што е дозволено со редовната чланарина.

Библиотеката има добра соработка со сите институции во Општината, невладиниот сектор и здруженија на граѓани. Активно учествува на сите манифестации што ги организира Општина Делчево, а самостојно реализира голем број активности во текот на целата година.