Актуелен претседател на Советот на Општина Делчево е Драган Маневски. Тој е роден на 05.07.1984 година во Делчево каде завршува основно и средно образование.
Има завршено Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје отсек правни студии во 2009 година.
По завршувањето на приправничкиот стаж и полагањето на Правосудниот испит во 2012 година започнува со работа како адвокат во адвокатска канцеларија Адвокат Драган Маневски Делчево, каде што и тековно работи.
По завршувањето на Локалните избори во 2017 година е избран за советник во Советот на Општина Делчево, а на првата Конститутивна седница е избран за претседател на Совет на Општина Делчево.
Маневски е оженет и е татко на две деца, син и ќерка. Добро го владее англискиот јазик, и има солидно познавање на компјутерско работење.
Хоби му е рекреативен лов и планинарење.