Еднакви можности

Донесена Стратегија и акциски план

Општина Делчево интензивно и континуирано работи на полето на еднаквоста меѓу мажите и жените. Во таа смисла, освен Годишната програма за работа на КЕМ, Општина Делчево со поддршка на НВО-секторот го изработи првиот стратешки документ на Општина Делчево кој треба да ја унапреди состојбата со родовата еднкавост на жените и мажите во општината, изработен во рамките на проектот „Со стратегија и акциски планови до еднакви можности на жените и мажите во Делчево, Берово и Пехчево“ кој е имплементиран од НВО КХАМ, а поддржан од Фондацијата „The kvinna till kvinna“.

Во Стартегијата се предвидени четири приоритетни области на делување: Човековите права и родовата еднаквост во областите политика, родово базирано насилство, економија, потоа партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики, едукација на населението за родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените, како и институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот.

Потпишана Европската повелба за еднаквост меѓу мажите и жените

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, ја потпиша Европската повелба за еднаквост помеѓу жените и мажите во локалните заедници. Оваа Повелба е иницијатива на Советот на европските локални и регионални власти поддржана од ЗЕЛС со што Општина Делчево се запиша во семејството на 1450 потписнички од 33 европски земји поддржана од ЗЕЛС.

Повелбата е практичен документ и не само што ги пртетставува основните права, туку дава и конкретни методи кои може да бидат остварени во различни области од надлежност на локалната власт.

Со потпишувањето на Европската повелба за рамноправност на жените и мажите, формално и јавно, Општина Делчево се обврза на принципот на еднаквост на мажите и жените и негова имплементација во рамките на Општина Делчево. Обврските кои се утврдени во Повелбата, европските локални и регионални власти се обврзуваат користејќи ги своите потенцијали и партнерства, да остварат поголема еднаквост помеѓу луѓето. Повелбата е преведена на 28 јазици и таа е единствен документ воспоставен во тесна соработка со националните асоцијации на Советот на европски општини и региони.

Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените на Општина Делчево
  • Јасмина Ќурчиска, претседател
    Зекир Абдулов, член
    Марио Скакарски, член
    Оливера Ташевска, член
    Стефанија Атанасова Јовановски, член

Координатор за еднакви можности на Општина Делчево е Игор Жежовски.