Слободен пристап до информации

Правото на слободен пристап до информации во Република Северна Македонија е гарантирано со Уставот член 16 став 3 а слободата на примање и слободата на пренесување информации го потврди Собранието на Република Северна Македонија со изгласувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер прв пат во јануари 2006 година со донесување на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер. Согласно усогласувањето на европските начела во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 101 од 2019 година е донесен нов закон со кој се уредуваат условите, начинот и постапката за остварување на правото до слободен пристап на информации од јавен карактер со кој располагаат органите на државната власт и други органи и организации утврдени со Закон, органите на општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје, установите и јавните служби, јавните претпријатија, правни и физички лица кои вршат јавни овластувања утврдени со закон и дејности од јавен интерес, политички партии во делот на приходите и расходите. 

Согласно чл. 8 од ЗСПИЈК за службено лице одговорно за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е поставено:

Ивана Ивановска
email: ijk@delcevo.gov.mk
тел. 075/388-957

Во Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02) во член 8 се утврдува обврската за органите на општината,комисиите на советот и јавните служби основани од општината да ѓи информираат граѓаните за својата работа ,како и за плановите и програмите кои се од значење за развојот на општината.Воедно општината е должна на граѓаните да им овозможи пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува.

Согласно законските регулативи и во Општина Делчево е пуштен во работа едношалтерски систем на работење со што е овозможен пристап до информации на граѓаните за работењето на општинските органи.Токму заради тоа и Советот на Општина Делчево донесе листа на информации од јавен карактер(на својата 17 седница одржана на ден 08.02.2007 година) согласно законските регулативи кои се достапни до граѓаните и им се доставуваат по нивно поднесено Барање.

Барател на информација може да биде секое правно и физичко лице државјанин на РМ, странски државјанин или лице без државјанство,при тоа барателот не е должен да наведе зошто му е потребна информацијата тоа е негово право.

Барањата за информации се поднесуваат писмено или по електронски пат (email: ijk@delcevo.gov.mk) на образец пропишан од Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер а со измените во Законот поднесувањето Барање е дозволено и на начин ако не е на пропишаниот Образец но само ако е насловено дека се работи за информација од јавен карактер и ги содржи потребните податоци за барателот на информација , а имателот на информација е должен да одговори на барањето ви рок од 20 дена од приемот на барањето. Барањето се поднесува преку архивата на Општина Делчево и на електроска пошта (ijk@delcevo.gov.mk),  а на истите одговара согласно законските регулативи лицет овластено од градоначалникот за давање на информации од јавен карактер. Доколку барателот на информација не е задоволен со добиениот одговор на бараната информација може да поднесе жалба до Агенцијата за заштита на слободен пристап до информации од јавен карактер.