Соопштение за отстранување хаварисани возила, машини и опрема од јавни површини

Општина Делчево ги известува сопствениците на хаварисани, нерегистрирани возила, приклучни возила и земјоделски машини и механизација кои се поставени на јавни површини дека е потребно да ги отстранат од јавните површини на територијата на Општина Делчево најдоцна до 30 ноември. 

Паркирањето вакви возила на јавни површини е строго забрането, бидејќи, освен што ја нагрдува сликата на општината, го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, слободниот пристап до објекти и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно пешаците.

Сопствениците на вакви хаварисани возила, машини и опрема е потребно сами да ги отстранат, во спротивно ќе бидат отстранети од надлежните служби на товар на самите сопственици.

Shares