Денеска сеодржа првата форумска сесија од предвидените две сесии за креирање на Буџетотна Општина Делчево за 2026 год, на која активно учествуваа претставници од месните и урбаните заедници, од граѓанскиот сектор и институции.
Целта на организацијата на форумот е одредување наприоритетните проекти за реализација за наредната година детектирани од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи гогласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги предложените приоритети ќе ги предвиди за реализација.
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски кој го отвори Форумот истакна дека големиот интерес награѓаните, е показател дека граѓаните сакаат да учествуваат во процесот наодлучување. Општината и граѓаните треба да градат партнерство и да водат отворен дијалог, бидејќи имаме единствена цел- задоволни граѓани во една урбанаи модерна општина, нагласи Гоцевски.
– Наша цел е буџетот да биде вистинско огледало на потребите на граѓаните. Мојата интенција е секој денар да биде насочен кон подобар животен стандард, подобра инфраструктура, образование, екологија, социјални услуги, но и култура. Сакам да ве информирам дека вчера на Првата седница на Советот на Општина Делчево едногласно беше донесена Одлуката за одобрување на Планот на програмите за развој на ОпштинаДелчево за 2026 година. 10-те развојни програми тежат над 111 милиони денари,средства одвоени од Владата. Во Буџетот за 2026 година се планираат иповеќе средства за општински стипендии, повеќе средства за граѓански сектор иза спортските клубови, повеќе средства за културата, но и инвестиции во животната средина. Свесен сум дека има многу нерешени проблеми, но тука сме даги решаваме, нагласи Гоцевски.
Во рамките на процесот беа презентирани актуелните и планираните проекти на Општина Делчево од областа на инфраструктурата, предлог-рамката на Буџетот за 2026 година, како и програмите од областа образование, граѓански сектор,спорт и култура. Исто така, беа формирани работните групи и беа дефинирани приритетите за кои ќе сегласа на наредната форумска сесија.



