Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион

Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион

Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ со задоволство ја најавува презентацијата на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС).

Целта на оваа јавна консултацја е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува стратешките приоритети, инфраструктурата и активностите потребни за одржливо управување со отпадот, во согласност со националните и европските еколошки цели. Стратегиската оцена ја оценува потенцијалната еколошка импликација на предложениот систем и предлага мерки за нивно ублажување и подобрување.

Јавните консултации ќе вклучуваат:

  • Презентација на главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад;
  • Преглед на наодите и препораките од Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина;
  • Отворена дискусија и собирање коментари, предлози и мислења од засегнатите страни, општините, организациите и граѓаните.

Датум и локација на јавната консултацијата:

20.11.2025г (Четврток) Сала на советот – Општина Делчево

Почеток од 10.00 часот

Како да учествувате:
Засегнатите страни и заинтересираните граѓани се поканети да присуствуваат на консултативниот состанок на наведениот датум и локација или да достават писмени коментари на: sene3@enviroplan.gr

Сите добиени коментари ќе бидат разгледани и земени предвид при финализирање на Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегискиот извештај за оцена на животната средина.

Вашето учество е од суштинско значење за создавање почиста и поодржлива иднина за нашите региони.

Shares