Зголемување на износот за мерките за првачиња и новороденчиња

  • Новости

Градоначалникот Гоцевски денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен надомест од Општина Делчево за 91 прваче и 22 новороденчиња во Делчево со вкупен износ на исплата од 376.629 ден и истакна дека целта на оваа поддршка е помош на младите родители во најважните моменти од нивниот живот-раѓање на детето и почеток на неговото школување.

-Сепак, вкупниот број на новороденчиња во Делчево за тековната 2025 година изнесува 53 новороденчиња. Како градоначалник, пред сè, како жител на Делчево, овие бројки ме загрижуваат, бидејќи не станува збор само за статистика-туку тоа е огледало на предизвиците со кои се соочуваат младите семејства и ме мотивираат да работиме поинтензивно за да создадеме средина во која младите ќе остануваат, ќе формираат семејства, порача Гоцевски.

Гоцевски најави дека една од мерките е зголемување на износот на исплата за новороденче и прваче за 1.000 денари, односно  во Буџетот за 2026 година еднократниот износ за овие мерки ќе изнесува по 4.000 ден.

-Моите намери се искрени и затоа најавувам дека ќе продолжиме да креираме политики кои го подобруваат квалитетот на животот, ги поддржуваат младите семејства и создаваат услови за безбедно и среќно детство, нагласи Гоцевски.  

Shares