
Општина Делчево ве кани на Втората форумска сесија за креирање на Буџетот за 2026 г. која ќе се одржи на 20.11.2025 (четврток) во мултифункционлниот центар во Спомен- дом АСНОМ, со почеток во 13.00 часот.
На Втората сесија е планирано формираните работни групи да ги презентираат своите предлог– проекти по што ќе се пристапи кон гласање на приоритетите кои заеднички беа дефинирани на претходната сесија, затоа нагласуваме дека Вашето учество на Буџетскиот форум е од исклучително значење, бидејќи вие како активни чинители во нашата Oпштина, треба и активно да придонесете во креирањето на Буџетот на Општина Делчево.
Нашата цел е единствена-задоволни граѓани во урбана и модерна општина.



