Завршено асфалтирањето на критичните делници на ул. „Ванчо Прќе“ и ул. „Брегалничка“ во Старо Делчево

  • Новости

Со влегувањето во последниот месец од 2025 година, Општина Делчево успешно ги заврши активностите за поставување нов асфалт на критичните делници од улиците „Ванчо Прќе“ и „Брегалничка“ во Старо Делчево.

Со овој зафат конечно е надминат долгогодишниот проблем со раскопани делови од улиците и бројните коловозни оштетувања, кои особено доаѓаа до израз во зимските месеци. Жителите сега имаат значително подобри услови за движење и извршување на нивните секојдневни обврски низ овие фреквентни делови на градот.

„Општината упатува благодарност до граѓаните за укажувањата, предлозите и упорноста, кои во голема мера придонесоа за реализација на овој проект.Токму идеите и потребите изразени од страна на жителите се водилка во креирањето на приоритетите на Општина Делчево. Во периодот што следува, локалната самоуправа останува целосно посветена на воспоставување современа и квалитетна сообраќајна инфраструктура на сите локации каде што тоа е неопходно.“, рече градоначалникот Гоцевски.

Shares