Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на урбаната заедница Стар расадник број 08-2698/11 од 15.12.2025 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За свикување на собир на граѓани за избор на членови на Совет на урбана заедница на Стар Расадник, Делчево
1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на урбаната заедница Стар Расадник да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на урбана заедница Стар расадник ,Делчево.
2.Изборот на членови на Советот на урбаната заедница на Стар Расадник, Делчево ќе се спроведе на ден 18.12.2025 година (четврток),со почеток во 18.00 часот,во просториите на Мултифункционалниот Центар во Спомен домот АСНОМ,Делчево.
3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски



