ЈАВЕН ПОВИК За свикување на собир на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница на Стар Истевник и Нов Истевник, Делчево

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за  распишување на избор на членови на Совет на месната заедница во Стар Истевник број           08-2698/13 од 17.12.2025 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За свикување на собир на граѓани за избор на членови на

Совет на месна заедница на Стар Истевник, Делчево

 

1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на месната заедница Стар Истевник да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на месната заедница Стар Истевник ,Делчево.

 

2.Изборот на членови на Советот на месната заедница на Стар Истевник ,Делчево ќе се спроведе на ден 22.12.2025 година (понеделник),со почеток во 12.00 часот,во просториите на Домот во Стар Истевник.

 

3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Иван Гоцевски

 

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за  распишување на избор на членови на Совет на месната заедница во Нов Истевник број           08-2698/15 од 17.12.2025 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За свикување на собир на граѓани за избор на членови на

Совет на месна заедница на Нов Истевник, Делчево

 

1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на месната заедница Нов Истевник да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на месната заедница Нов Истевник ,Делчево.

 

2.Изборот на членови на Советот на месната заедница на Нов Истевник ,Делчево ќе се спроведе на ден 22.12.2025 година (понеделник),со почеток во 13.30 часот,во просториите на старо училиште во Нов Истевник.

 

3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Иван Гоцевски

Shares