РЕШЕНИЕ за свикување на Трета редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020 и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 23.12.2025 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на Трета редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам Третата седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 30.12.2025 (вторник) со почеток во 08:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од Втората седница
1. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
2. Предлог-Јавен повик пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
3. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција на членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
4. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
5. Предлог-Јавен повик пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
6. Предлог-Решение за формирање на Комисија за селекција на членови во Управниот одбор на Јавното комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево;
7. Предлог-Одлука зa престанок со работа на Локален историски, археолошки, етнолошки и природно-научен МУЗЕЈ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО-ПИЈАНЕЦ – Делчево;
8. Програма за спорт на општина Делчево за 2026 година;
9. Програма за активностите на Општина Делчево за поддршка на граѓанскиот сектор во 2026 година;
10. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за отстапување на користење простор во сопственост на општина Делчево за формирање на Младински центар Делчево;
Образлагач: По точките од 1 до 10-Ивана Ивановска-Раководител на Одделението за правни и општи работи и јавни дејности.
11. Предлог-Одлука за формирање на Штаб за заштита и спасување;
Образлагач: Билјана Прачкоска-Раководител на Одделение за Локален економски развој.
12. Предлог-Програма за образование за 2026;
Oбразлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
13. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Делчево за 2026 година;
Образлагач:Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
14. Предлог-Одлука за отпис на движни ствари сопственост на Општина Делчево;
Образлагач:Стефанија Стојчевска-Раководител на Одделение за јавни набавки и администрирање со имотот на Општина Делчево.
15. Годишен извештај за реализирани активности на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2025 година со Заклучок за усвојување;
16. Програмата за работа на ЈЛБ „Илинден“-Делчево за 2026 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Билјана Петровска-Директор на ЈЛБ „Илинден„-Делчево.
17. Предлог-програма за јавна чистота во Општина Делчево за 2026 година;
Образлагач: Татјана Стојковска-Виш соработник за заштита на животната средина и комуналната инфраструктура.
18. Предлог-Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2025 година ;
Образлагач: Тони Вангеловски-Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај.
19. Предлог-Буџет на Општина Делчево за 2026 година;
20. Предлог-Одлука за извршување на буџет на Општина Делчево за 2026 година;
21. Предлог-Одлука за утврдување на висината на бодот за утврдување на плата на административни службеници на општина Делчево за 2026;
22. Буџетски календар;
23. Предлог-Oдлука за дополнување на Планот на програми за развој на Општина Делчево за 2026;
Oбразлагач: Ана Ситновска Димитровска- Раководител на Одделение за буџет, сметковдство и администрирање на даноци.
24. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање 21-2970/1 од 22.12.2025;
25. Предлог-Одлука за одобрување на финансиска помош по барање 21-2971/1 од 22.12.2025;
26. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства по барање 21-2972/1 од 23.12.2025;
27. Предлог-Решение за именување на членови на УО на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.
Образлагач: По точките од 24 до 27-Николчо Стојменовски-претсдател на Советот и претседател на Комисијата з амандатни прашања, избори и именувања.
28. Одлука за Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево за 2026 година;
Образлагач: Димитар Видимлиски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.
29. Прашања и предлози на членови на Совет.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 2973/1
23.12.2025
Делчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател
д-р Николчо Стојменовски,с.р.
Shares