Во организација на Општина Делчево, за првпат во градот се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, на која беа доделени признанија и плакети за најуспешните спортисти, тренери, спортски екипи и спортски организации кои со својата посветеност, труд и постигнати резултати дале значаен придонес во развојот и унапредувањето на спортот во општината.
Настанот беше реализиран согласно Програмата за спорт на Општина Делчево и Правилникот за доделување награди и признанија, со цел да се вреднуваат постигнувањата во спортот, да се поттикне спортскиот дух и да се даде признание на оние кои ја афирмираат општината на локално и пошироко ниво.
Особено значајно е што на настанот присуствуваа и најмладите спортисти, кои претставуваат иднина на спортот во Делчево и силен мотив за понатамошни вложувања во спортската инфраструктура, клубовите и младинскиот спорт.
Добитници на признанија и плакети за 2025 година
Врз основа на Програмата за спорт на Општина Делчево за избор на најдобрите од спортот за 2025 година, беа доделени следните признанија:
Признание за млад надежен спортист за 2025 година
– Мартин Спасевски
Признание за спортист/ка на годината за 2025 година
– Ивана Арсениевска
Признание за тренер на годината за 2025 година
– Љупчо Петровски – Клубски
Признание за спортска екипа на годината за 2025 година
– КК „Патриот 2016“
Врз основа на Правилникот за доделување награди и признанија, градоначалникот на Општина Делчево додели и следните плакети за успешна соработка и унапредување на спортот:
Плакета – ENDURO TEAM DELCHEVO
Плакета – GOLAK TRAILS
Плакета – Училишен спортски клуб „Климент Охридски“ – Делчево
Свеченото доделување на признанијата се одржа на 29.12.2025 година во Делчево, при што градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, упати честитки до сите добитници и изрази благодарност за нивниот континуиран придонес во развојот на спортот и афирмацијата на општината.
Општина Делчево и во иднина ќе продолжи со поддршка на спортот, младите таленти и спортските колективи, со цел создавање здрави навики, спортски дух и позитивни вредности во заедницата.



