Делчево подготвено за врнежите од снег

  • Новости

Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината се подготвени за првите снежни врнежи.

Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 г. За зимско одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.

            Согласно со Планот и предвидената приоритетна листа на зимско одржување патишта и улици, се опфатени патишта со асфалтен коловоз од 88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83 км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снегот да достигне 10  сантиметри  за сообраќајниците од прв и втор приоритет и 15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно внимание наострите кривини, стрмните косини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.

Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатието е подготвено,  а по потреба сукцесивно ќе се набавуваат дополнителните количини на ризла и сол.

Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

 

           ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

               

ПАТИШТА

Прв приоритет:

Л-14 пат до с.Стамер,

Л-15 пат до с.Град,

Л-16 пат до с.Вирче,

Л-17 пат до Стар Истевник

Л-3 пат до с.Драмче

Л-2 пат до с.Ветрен

Л-10 пат до с.Илиово-Турија

 

Втор приоритет:

Л-3 пат Драмче-Вртиславци  

Л-9 пат Драмче-Селник

Л-4пат до с.Чифлик

Л-12 пат до Косово Дабје

Л-18 пат до Нов Истевник

Л-1 Делчево – Тработивиште

 

Трет приоритет:

Сите останати општински патишта и пристапните патишта до маалите на селата од разбиен тип и улиците во Тработивиште и Разловци.

 

УЛИЦИ

Прв приоритет:

-Методи Митевски Брицо,

-Тротоари и прилази на булевар „Македонија

-Маршал Тито,

-Пере Тошев,

-Вера Јоциќ,

-Горче Петров,

-Питу Гули,

-Голачка,

-Брегалничка со Ванчо Прке,

-Острец,

-Влаинска,

-Кузман Јосифовски Питу,

-Светозар Марковиќ,

-Никола Јонков Вапцаров,

-Мито Хаџивасилев Јасмин,

– Улица 4 ЦГП (кон пешачки мост)

– Улица 3 ЦГП (кон градски пазар)

Пешачки мост „Гоце Делчев“ во ЦГП

Втор приоритет:

-Браќа Миладиновци,

-Велко Влаховиќ,

-Кирил и Методиј,

-Кеј на ослободување,

-Кеј на Брегалница,

-Орце Николов,

-Индустриска,

-Солунска,

-Иво Лола Рибар,

-Мирче Ацев,

-Плачковица,

-Видое Смилевски- Бато

-улиц 6 (ЦГП)

-улици 3,5 и 6 во населба „Пролет“

Трет приоритет,

Сите останати улици во Делчево и улиците во другите населени места.

Shares