Соопштение за легализација

Општина Делчево ги информира граѓаните дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 03.03.2026 година и во таа насока истакнуваме дека сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Делчево, а чија постапка е во прекин, можат да ја искористат законската можност за нивно комплетирање и решавање.

Се повикуваат, сите засегнати лица, навремено, да се обратат во Општина Делчево, Одделение за урбанизам, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација.

Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, тие ќе бидат одбиени, согласно со законските одредби.

Лице за контакт: Татјана Стојковска, тел. 075 367 946

Shares