Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр.5/2002) и член 141 од Статутот на Општината (Службен гласник на Општина Делчево број 15/2013,2/2019 и 1/2021) а во врска со Одлуката за распишување на изборна членови на Совет на месните и урбаните заедници на подрчјето на Општина Делчево број 08-2698/1 од 26.11.2025 годинаи Одлуката за распишување на избор на членови на Совет на Месната заедница во с.Илиово број 08-13/21 од 29.01.2026 година,Градоначалникот на Општина Делчево објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За свикување на собир на граѓани за избор на членови на
Совет на месна заедница с.Илиово, Делчево
1.Градоначалникот на општина Делчево ги поканува жителите на месната заедница с.Илиово да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Советот на месна заедница с.Илиово,Делчево.
2.Изборот на членови на Советот на месната заедница на с.Илиово,Делчево ќе се спроведе на ден 03.02.2026 година (вторник),со почеток во 17.30 часот,во просториите на Мултифункционалниот Центар во Спомен домот на АСНОМ.
3.Постапката за предлагање,утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните и урбаните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Делчево.
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Иван Гоцевски



