Се подготвува Годишната програма за работа на Локалниот младински совет

  • Новости

Новиот состав на Локалниот младински совет ја започна подготовката на Годишната програма за работа. Програмата ќе ги содржи целите и активностите за работа на ЛМС, како тело кое треба да ги обедини младите и да има улога во вклучувањето на младите во јавниот живот, тело преку кое младите ги изразуваат своите идеи, потреби и иницијативи и активно учествуваат во процесите на донесување одлуки на локално ниво.

Од ЛМС ги повикуваат сите млади со свои идеи и иницијативи да се вклучат во изработката на програмата. Милена Багевска, службеник за млади во Општина Делчево посочува дека сите иницијативи и идеи се добредојдени, а целта е младите од Делчево да добијат квалитетна програма која е остварлива и која ќе придонесе за поголемо ангажирање и вклучување на младите во процесите на донесување одлуки.

Инаку, на 4-та Седница на Советот на Општина Делчево беа верифицирани мандатите на членовите на Локалниот младински совет при Општина Делчево, предложени од Локалното собрание на млади и на претходно распишан Јавен повик за членови на Локалниот младински совет. Во новиот состав членуваат:

1. Искра Георгиевска Тернипе MK (Ромски културен и едукативен центар) Делчево

2. Ивана Пејчиновска –  КУД „Гоце Делчев Делчево

3. Павел Салтировски – СОУ „М.М.Брицо  Делчево

 4. Ангела Велковски ОО на Црвен крст- Делчево

 5. Ања Димитровска СОУ „М.М.Брицо“  Делчево

Мандатот на членовите на Локалниот младински совет на Општина Делчево трае 2 години со право на уште еден избор.

Shares