Градоначалникот Гоцевски оддржа темелен и плодотворен состанок со раководителите во ЕЛС Делчево.

  • Новости

По долга и темелна анализа на состојбите во изминатите месеци градоначалникот Гоцевски ги сподели своите, генерални забелешки но и определби и намери значително да ја подобриме ефикасноста на услугите на Општина Делчево кон граѓаните.

 

Високомотивирани започнуваме системски да ги надминување сите увидени и констатирани недостатоци со крајна цел да ја развиеме општинската функционалност каде потребите на граѓанинот се пред се’.

 

Охрабрува фактот што кај раководителите на секторот и општинските одделенија во Општина Делчево има сериозно-позитивна подготвеност да одговорат на овој програмски предизвик.

 

Како Општина упатуваме јавна благодарност на сите граѓани кои со свои мислења, предлози и идеи допринесоа кон оваа институционална промена која ќе следува за која верувам ќе донесе позитивни резултати во работењето и ефикасноста на администрацијата.

 

Имаме обврска да одговориме на сите современи предизвици во делокругот на работа на Општина Делчево, според сите законски норми, брзо и ефикасно во периодот кој е пред нас.

Очекувам точно дефинирани резултати, преку понуда на издржани и ефективни решенија.

Shares