Заврши изградбата на ул. „Драмечка“

  • Новости

Во населба Басарица се изгради уште една улица. Улицата „Драмечка“ и крак од оваа улица со вкупна должина од 155 метри, денеска добија асфалт и ,конечно, жителите од оваа приградска населба рекоа збогум на калливите и прашливи улици и добија современа сообраќајница и урбан пристап до своите домови. Претходно на улицата се постави и подземна инсталација-атмосферска канализација. Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија, во вкупен износ од 2.862.015,00 денари. Изведувач на градежните работи е компанијата ОСД КИРИЛ од Штип, а реализацијата на проектот е планирана да продолжи и во текот на 2026 година.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека реализацијата на овој инфраструктурен проект ја покажува  искрената намера да ги подобриме условите за живот во сите населби во Општината, а кога е населбата Басарица во прашање, се продолжува со инвестициите и наскоро ќе се реализира уште еден значаеан инфраструктурен проект со што оваа населба ќе стане вистинска урбана средина која ги исполнува сите инфраструктурни стандарди.

Shares