
Денеска во СОУ „Методи Митевски-Брицо“ се одржа тактичко-показна вежба на ТППЕ Делчево исценирана со симулација на пожар во спортската сала и евакуација на повредени лица од зградата на училиштето.
По дојавата за пожар во училиштето, ТППЕ Делчево реагираше со 13 пожарникари, со три противпожарни возила и со професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти, при што беше изгаснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот. Во акцијата учествуваа и волонтерите од ОО на Црвениот крст Делчево и екипа на Итната медицинска служба.
Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, да се провери исправноста на опремата, но и да се провери почитувањето на протоколите за безбедност во училиштето.



