Потпишан Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево

  • Новости

Општина Делчево потпиша Меморандум за соработка со Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ од Делчево. Со Меморандумот се предвидува континуирана соработка, заеднички активности и конкретни мерки за подобрување на безбедноста на граѓаните,  а Општината ќе помага и логистички и технички со цел да се обезбеди уште поголема ефикасност на терен.

За градоначалникот Гоцевски потпишувањето на овој документ значи зајакнување на  заедничката подготвеност и координацијата во справувањето со пожари и други елементарни непогоди.

Како општина ќе стоиме цврсто зад овие луѓе, помагајќи ги и логистички и технички согласно со можностите на Општината. Изразувам искрена благодарност за нивната целокупна ангажираност и несебичен придонес за заштита на нашата заедница. Наш приоритет останува заштитата на населението и создавање побезбедна општина за сите, нагласи Гоцевски.

Доброволните противпожарни друштва имаат исклучително значајна улога за безбедноста на заедницата, особено во помалите општини и претставуваат дополнителна сила и поддршка на професионалните пожарникари во заштита на животот, имотот и природата.Доброволните противпожарни друштва се симбол на хуманост, пожртвуваност и заедништво, бидејќи нивните членови доброволно го вложуваат своето време и знаење за заштита на заедницата.

Shares