Донацијата – новата машина метларка предадена на Општина Делчево

  • Новости

Новата мана – вакумска метларка за чистење на улиците денеска еи официјално предадена на Општина Делчево од фирмата донатор М-Д РЕНТАЛС од Скопје, а, се очекува веќе од наредните денови, таа да биде ставена во функција на јавната чистота на Делчево. Воедно, од фирмата- донатор е обезбедена и обука за едно лице, вработено во ЈКП „Брегалница“ за управување со возилото.

Станува збор за нова машина, произведена во 2024 г марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредност од 399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

 Градоначалникот Иван Гоцевски кој беше на чинот на примо-предавање на машината, истакна дека оваа донација е позитивен пример како општествената одговорност и партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата можат да донесат конкретни придобивки за граѓаните.

 -Изразувам искрена благодарност за оваа донација до компанијата М-Д РЕНТАЛС, компанија која ги препозна нашите напори и нашата заложба за почисто и поубаво Делчево и докажува дека општествената одговорност е вредност што создава трајни резултати, а посебно кога јавната чистота е во прашање. Чистотата на градот не е само комунална обврска, туку показател на грижата што ја имаме кон заедницата. Затоа и секоја инвестиција во комуналната инфраструктура претставува инвестиција во подобра иднина за Делчево, нагласи Гоцевски.

 Со ставањето во функција на машината, значително ќе се подобри јавната чистота, ќе се овозможи побрзо и поефикасно чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, а истовремено, примената на новата технологија значи и подобри услови за работа на вработените.

Shares