РЕШЕНИЕ за свикување на 13. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 , 1/2021, 84/2020  и 202/24), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 08.07.2026 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 13. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 13.седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 15.07.2026 година (среда), со почеток во 09:00 часот во Мултифункционалниот центар.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

    -Усвојување на Записник од 12.седница на Советот на Општина Делчево

 

1.Статут на Општина Делчево-Пречистен текст;

2.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Делчево и Општина Штип;

Образлагач:  По точките 1 и 2-Ивана Ивановска-Раководител на Одделението за општи и правни работи.

 

  1. Предлог-Програма за изменаи дополнување на Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година;
  2. Предлог-Одлука за делегирање на надлежностите на Општина Делчево за организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“ по Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година на правн олице;
  3. Предлог-Правилник за начинот и постапката за делегирање и извршување на надлежноста на Општина Делчево од областа на културата за организирање и реализирање на културна манифестација „Делчевско лето 2026 година“;

Образлагач:По точките 3,4 и 5, Наташа Димитровска-претседател на Комисијата за култура.

 

  1. Предлог-Одлука за давање согласност на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево за формирање на паралелки со помал број на ученици;

Образлагач: Марина Синадиновски-Директор на СОУ „Методи Митевски Брицо“-Делчево.

7.Предлог- Одлука за давање согласнот на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на цени на услуги кои ги врши ЈКП „Брегалница“ Делчево бр.0202-461/3 19.06.2026;

Образлагач: Марија Мицевска – претставник на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

8.Предлог-Одллука за одобрување финансиски средства по барање УП бр.08-2257/1 од 25.06.2026;

Образлагач:Николчо Стојменовски-Претседател на Советот на Општина Делчево.

    II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

 

Број 09-2390/  1                                                   СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО         

08.07.2026                                                                     Претседател,

Делчево                                                                        Николчо Стојменовски,с.р.

Shares