
Општина Делчево ги информира граѓаните дека пристигнаа првите шлепери со вода за пиење обезбедени од Општина Делчево и од донаторот „Кожувчанка“. Водата ќе биде распределена по пунктовите и ќе се дистрибуира сукцесивно и согласно со потребите и барањата на граѓаните.
Во оваа прилика, апелираме до сите граѓани на Општина Делчево да го почитуваат редот при дистрибуцијата на водата за пиење и да се почитува утврдената динамика.
Во соработка со ТППЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“ Делчево и ОО Црвен Крст Делчево, се организираат пунктовите за достава на вода за домаќинствата:
ДОСТАВА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Контакт телефон Општина Делчево: 033/411-550
Пункт бр. 1: Паркинг– простор на раскрсницата помеѓу улиците „Питу Гули“ и „Македонска“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 2: Паркинг– простор на улица „Пере Тошев“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 3: Паркинг –простор на улица „Вера Јоциќ“, над гимназијата СОУ „М.М. Брицо“.
Пункт бр. 4: Раскрсница на улиците „Мито Хаџивасилев –Јасмин“ и „Видое Смилевски– Бато“, во населба Стар Расадник, во непосредна близина на новата детска градинка.
Пункт бр. 5: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 6: Раскрсница на улиците „Јане Сандански“ и „Солунска“ во населба Први Реон.
Пункт бр. 7: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Достава на техничка вода
Контакт телефон – Дежурна линија на ТППЕ Делчево: 193
Пункт бр. 1 – 12:00 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Голачка“ и „Иво Лола Рибар“, кај маалската продавничка на Извор Комит во населба Први Реон.
Пункт бр. 2 – 13:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Пункт бр. 3 – 15:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 4 – 17:30 часот секој ден: Улица „Видое Смилевски Бато“, каде се реализира „Расадничка вечер“.
Пункт бр. 5 – 19:30 часот секој ден: Детско игралиште на улица „Вељко Влаховиќ“.



