На презентацијата изворно ќе се запознаете со Оперативниот план за вработување, посебно актуелната мерка ПОДДРШКА ЗА КРЕИРАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА кој е насочена за компаниите.
Основна цел на мерката е поддршка во креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.
Првата поддмерка е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која ќе се поддржат компании финансиски за вработување лица, а вкупниот опфат изнесува 1385 лица. Вкупниот буџет за оваа мерка е околу 5,4 милиони евра!
Секое ново вработување значи повеќе можности за нашите сограѓани, а секоја успешна компанија е двигател на развојот на целата општина.
Општина Делчево и понатаму ќе биде активен партнер во сите процеси што значат економски напредок, отворање нови работни места и задржување на младите во нашиот град.



