Пријавете се на првиот натпревар во рачно косење трева во Делчево

  • Новости

Општина Делчево го организира првиот натпревар во косење трева со рачна коса кој ќе се одржи на 4 август, вторник, во Делчево на локација која дополнително ќе биде објавена.

 Целта на настанот е да се избере највештиот косач на трева и да се зачува и промовира традиционалниот начин на косење, да се негуваат старите занаети и да се поттикне дружење и натпреварувачки дух.

Право на учество имаат сите полнолетни лица кои поседуваат вештини за косење со рачна коса и ќе се придржуваат кон следните правила на натпреварот:

  • Секој натпреварувач настапува со своја рачна коса,
  • Натпреварот ќе се одвива според однапред утврдени правила и временски ограничувања,
  • Стручна комисија ќе ги оценува брзината, квалитетот и уредноста на косењето.

За најдобриот косач е обезбедена награда: Прво место – рачна коса. Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 31 јули, во просториите на Општина Делчево или преку лицето за контакт Кирчо Анастасов- тел.079 329 300.

Ги повикуваме сите љубители на традицијата да бидат дел од овој настан и заедно да придонесеме за зачувување на македонското културно наследство.

Јавниот повик и Пријавата за учество можете да го најдете на следниот линк

 

Shares