Покана за чествување на 123 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и 82 години од ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

  • Новости

Почитувани,
Општина Делчево подготвува пригодна програма по повод големиот македонски празник Илинден и одбележување на двата историски значајни датуми, 123 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и 82 години од ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

За таа цел, Ве покануваме заедно да го одбележиме големиот македонски празник ИЛИНДЕН. Букети свежо цвеќе ќе се положат пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОВ, а пригодни реферати за значењето на двата Илиндена подготви КУД „Гоце Делчев“. Богата културно уметничка програма ќе се одржи во манастирот „Св.Илија“ во близина на с. Ѕвегор.

Недела, 2 август 2026

10:00ч – Полагање букети свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.

10:30ч – Полагање букети свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ.

13.00 ч -Културно-уметничка програма во дворот на манастирот „Св.Илија“ во с. Ѕвегор.

Shares