Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019, 1/2021 и 11/2026), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 05.08.2026 година, донесe
РЕШЕНИЕ
За свикување на Свечена седница на
Советот на Општина Делчево постветена
на воспоставената соработка со општини од Република Италија
I
Ја свикувам Свечената седница на Советот на Општина Делчево посветена на воспоставената соработка со општини од Република Италија.
Седницата ќе се одржи на 08.08.2026 (сабота) со почеток во 11.30 часот, во фоајето на Спомен-домот АСНОМ во Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
1.Предлог-Одлука за збратимување помеѓу Општина Делчево, Република Северна Македонија и општина Рикалдоне, Република Италија.
Број 09–2642/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
05 .08.2026 година Претседател,
Делчево Николчо Стојменовски,с.р.



