Започна асфалтирањето на новите улици во населбата „Пролет“, која полека го добива својот урбан лик. Се асфалтираат улици во вкупна должина од 420 метри и тоа улица 4 в, дел од улица 3, дел до улица 5 и дел од улица 1. Согласно со рпоектот, претходно на овој дел од населбата беше изградена и подземната инфраструктура, односно фекална и атмосферска канализација, како и систем за водоснабдување.
Инвестицијата е вредна 8, 4 милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт, а изведувач на градежните работи е СД „Транс“, с.Ѕвегор, Делчево.
Увид во текот на градежните работи направи градоначаникот Иван Гоцевски кој истакна дека новата населба Пролет во Делчево ќе биде една од најубавите населби и со сите проекти кои се работат во населбата, таа го добива својот урбан лик.
-Инфраструктурниот бум продолжува. Работното лето во Делчево е во тек. Продолжуваме со решавање на инфраструктурните предизвици со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Деновиве потпишавме договори за два значајни проекти во населбата Стрелиште, изградба на улица „Петрашевска“ и дел од улица „Чифличка“ при што во рамки на градежните активности ќе биде поставена и нова фекална канализациона мрежа. Изведувач на работите е компанијата „Гама градба“, а проектот се реализира со средства од буџетот на Општина Делчево. Продолжуваме посветено да работиме на уредување и модернизирање на Делчево, со проекти кои се од директен интерес за нашите граѓани, порача Гоцевски.






