Успешна посета на Општина Чрномељ – Република Словенија

  • Новости
Градоначалникот Гоцевски, заедно со волонтерите на ОО на Црвен крст – Делчево и ДПД „Волонтер“ – Делчево, денес ја завршуваат својата плодна посета на Општина Чрномељ во Република Словенија.
Во рамки на посетата, во присуство на градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавшек, беа разменети искуства и идеи со повеќе институции, организации и наши успешни иселеници кои живеат и работат во Словенија.
Посетата претставува одлична можност за воспоставување нови партнерства, споделување добри практики и продлабочување на соработката меѓу Делчево и Чрномељ.
Посебна благодарност до домаќините за срдечниот пречек, отвореноста и гостопримството, како и до сите учесници кои придонесоа оваа посета да биде исклучително успешна.
Заедно градиме мостови на соработка, пријателство и солидарност!

Shares