
Општина Делчево продолжува со конкретна поддршка за младите и нивниот образовен успех, преку доделување 18 ученички стипендии за учениците од СОУ „М.М. Брицо“.
Стипендиите се наменети за поддршка на трудот, успехот и талентот на учениците, со посебен акцент на создавање еднакви можности за образование и развој.
Предвидени се:
- 10 стипендии во износ од 2.000 денари месечно, во период од 9 месеци, за ученици од семејства со ниски приходи;
- 8 стипендии во износ од 2.500 денари месечно, во период од 9 месеци, за успешни ученици;
- 1 стипендија во износ од 1.500 денари месечно, во период од 9 месеци, за ученик со попреченост во развојот.
Со оваа мерка, Општина Делчево вложува во знаењето, потенцијалот и иднината на младите, создавајќи услови нивниот труд и посветеност да бидат препознаени и поддржани.
Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на Делчево!



