
Ликовната изложба НАДЕЖ од уметницата Ана Митевска денеска во Делчево ја промовираше надежта и уметноста на едно место во фоајето на Спомен-домот АСНОМ.
Изложбата претставува можност за љубителите на уметноста во Делчево да се запознаат со творештвото на Ана Митевска и да поминат низ нејзиниот уметнички израз преточен во дела обединети под симболичниот наслов „НАДЕЖ“.
„Во време на неизвесност, тешкотии и загуби, надежта е најтивката, а најсилна светлина. Секој слој што го оставам на платното е отпечаток од мојата внатрешна трансформација, циклус во кој пулсираат дваесет платна како крвоток – грст емоции што се движат, се судираат и повторно се раѓаат во нови светлини и нови надежи.“ Ана Митевска.
Настанот е дел од Програмата „Денови на мојот град“ и е во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија






