
Првиот том од 11 тома автобиографски белешки и анализи на проф.д-р Трајан Гоцевски денеска беше промовиран во Делчево во рамките на свечената програма од манифестацијата „Денови на мојот град“ по повод одбележувањето на 7 Септември, Денот на ослободувањето на Делчево.
Првиот том „Од Селник до Универзитот во Скопје“ ја содржи приказната на неговиот пат кој го изодил од с. Селник-родното место на авторот до Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што го завршил факултетското образование, постдипломските и докторските студии кои понатаму го трасирале патот по кој се движел за време на неговиот живот.
Како што нагласува проф.д-р Гоцевски, тој одамна размислувал како да ги искористи стотиците страници записи и анализи од настаните каде што учествувал кои с емногу и се доста важни за македонската понова историја.
-Се носев со размислувања за книгата како национално богатство. Таа е жива материја која постојано зборува за нешта.Почнувајќи од раните деведесетти години на минатиот век, па се до денес, се водеше дебата за сите клучни прашања од национален интерес за државата.Почнувајќи од демократијата до социјалните прашања од меѓународно признавање до воспоставување на сите стабилни институции од безбедноста и одбраната до евроатлантските интеграции, од културата до традицијата, од меѓуетнички односи до верската толеранција, клучни прашања од нашето секојдневие, од нашите патешествија за меѓународно признавање, членство во ООН, во семејството на држави членки на ЕУ, од историја до иднина, нагласи Гоцевски.
Промотор на книгата беше проф-д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет на УКИМ, Скопје



