Петтата Седница на Советот за развој на ИПР се одржа во Делчево

  • Новости

Во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Делчево се одржа 5 Седница на Советот за развој на Источно планскиот регион на која присуствуваа 11-те градоначалници од ИПР и директорот на Центар за развој на ИПР, Трајче Здравков.

Минситерот Андоновски ги запозна присутните за актуелните проекти во Минситерството, но и за новите три проекти кои се од исклучително значење за дигиталната трансформација на општините.

-Два проекти потекнуваат од платформата за интероперабилност, платформа на која веќе се имаат прикачено дел од општините. Еден проект кој нуди електронско собирање даноци, проект кој наредниот период го планира за реализација Минситерството за локална самоуправа, но за да се реализира, мора општините да се закачени на оваа платформа. Вториот проект се работи со УНДП и поддражан од Швајцарската и Шведската Влада, а се однесува за развој на електронски услуги за општините. Во овој проект веќе во првата фаза е Берово, а во втората фаза М. Каменица, Чешиново- Облешево и Вница. Платформата е целосно финансирана од Министерството, а дел од услугите на платформата се однесуваат за даноци, аплицирање за некои социјални услуги, правен статус на објекти, субвенции и сл. Третиот проект е за електронската архива за што имаат поднесено барање околу 10 општини. Со овој проект целосно се заменува хартиеното работењето и до крајот на годината се очекува на платформата да се прикачат 90 државни институции, вклучувајќи ги и општините, истакна министерот Андоновски.

Градоначалникот Иван Гоцевски во улога на домаќин ги поздрави присутните и потенцираше дека дигиталните услуги, современите технологии, подобрата поврзаност и пристапот до информации не се само прашање на технологија – тие се прашање на поквалитетни услуги, поголема ефикасност и подобар живот за граѓаните.

Од Делчево денеска испраќаме порака дека развојот нема граници меѓу општините. Кога работиме заедно, кога ги споделуваме знаењето, искуствата и ресурсите, тогаш создаваме посилни општини и посилен регион. Во време кога дигиталната трансформација станува еден од клучните двигатели на развојот, особено е важно локалните самоуправи да бидат дел од тој процес, нагласи Гоцевски.

Градоначалникот Гоцевски ја пренесе Иницијативата од младинските совети од Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица за воспоставување регионален кариерен центар за млади на ниво на ИПР. Иницијативата ќе биде ставена на Дневен ред на  наредната седница на Советот.

На денешната Седница, беше донесена Одлука за усвојување на Патоказот за зелена агенда за Источен плански регион 2025-2030 година од Центар за климатски промени, како и Одлуката за одобрување на експертскиот/координативен тим формиран од Центарот за развој на Источен плански регион; Исто така, беше разгледана и информацијата за реализација на проектот „Ревизија, ажурирање и дополнување на постојната физибилити студија за Ски центар Царев Врв со идеен проект“, а главна тема беше и дискусијата за  проектот Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион;

 

Shares