
Се асфалтираат новите улици во населбата СРЦ. Во должина од 400 метри се изградија три нови улици во населбата со што се реши долгогодишниот проблем со патната и друг вид инфраструктура во оваа делчевска населба и се создадоа услови за безбедно, функционално и модерно домување на жителите и современи урбани услови за развој на населбата.
Согласно со проектот се изградија улиците 5, 6 и улица 8, а претходно во населбата беше изградена подземната инфрструктура: атмосферска канализација во должина од 538, фекална во должина од 165м и водоводна во должина од 304 м.
Градоначалникот Гоцевски кој направи увид во завршните работи истакна дека изградбата на инфраструктурата во населбите во Делчево е стратешки приоритет и предуслов за рамномерен развој на урбаните зони и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 10.204.477 ден. средства се обезбедени од Владата преку Министерството за транспорт, а изведувач на работите е ДПТУ ОСД Кирил ДООЕЛ експорт-импорт Штип.



