РЕШЕНИЕ за свикување на 17. седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 11.09.2026 година, донесе

 

РЕШЕНИЕ

за свикување  на 17. седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам  17. седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на 18.09.2026 (петок) со почеток во 10.00 часот, во салата на Спомен-домот АСНОМ во Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

 

1.Обраќање на Претседателот на Совет на Општина Делчево, Николчо Стојменовски;

2.Обраќање на Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски;

3.Обраќање на претседателката на Локалниот младински Совет, Искра Георгиевска

  1. Прашања и предлози.

 

II

                Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Делчево“.

 

Ве молам за Ваше присуство.

 

 

Број 09-3022/1                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

11.09.2026 година                                                                          Претседател,

Делчево                                                                     Николчо Стојменовски,с.р.

Shares