Продолжувајќи со примена на досегашната практика за добивање информации, мислења и ставови преку анкети и прашалници со кои Локалната самоуправа сака да го слушне вашето мислење и со внимание да го преиспита секој ваш предлог со кој се дава значаен придонес и насоки, а со цел креирање одржливи локални политики, програми и планови при вршење на работите од надлежност на органите на Локалната самоуправа во врска со безбедноста во сообраќајот со акцент на децата како учесници, а во рамки на кампањата „Микромобилност и безбедно учество во сообраќајот“, го доставуваме овој Анкетен прашалник за кој се надеваме дека ќе најдете неколку минути да го одговорите.



