Се информира широката засегната јавност, особено органите засегнати во Источниот и Североисточниот плански регион, општините кои ги сочинуваат планските региони и граѓаните, дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион.
Постапката за стратегиска оценка на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион започна на 22.12.2025 година со подготовка на Одлука и Формулар за спроведување на стратегиска оценка од Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион и тие беа објавени на веб страниците на: Министерството за животна средина и просторно планирање, Центарот за развој на Североисточен плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион.
Во периодот 5.10.2026 до 15.11.2026 нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион и нацрт Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион ќе бидат достапни на увид на засегнатата јавност со цел обезбедување навремено информирање и овозможување учество на јавноста во постапката за подготовка на Регионалниот план за управување со отпадот и во постапката за стратегиска оцена на животната средина на овој плански документ.
Документите ќе бидат ставени на јавен увид на следниот начин:
- Печатени верзии од документите:
- нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (македонски јазик)
- нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на македонски јазик) и
- Нетехничко резиме од нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина и Нетехничко резиме на Регионалниот План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион (на албански јазик)ќе бидат достапни во просториите на:
- Центарот за развој на Североисточен плански регион, ул. Илинденска бб, 1300 Куманово, контакт лице: г-дин Саша Кузмановиќ (тел. 072/224-425 и e-mail sskuzmanovic@yahoo.com) и
- Центарот за развој на Источен плански регион, ул. Ванчо Прке бр. 119, 2 кат, 2000 Штип, контакт лице: г-дин Емил Василев (тел. 032 386 409 и e-mail: emil.vasilev@eastregion.mk);
Електронска верзија од сите горенаведени документи заедно со Јавното Известување ќе бидат достапни на веб страните на:
- Министерството за животна средина и просторно планирање (https://www.moepp.gov.mk/)
- Центарот за развој на Североисточен плански регион (https://northeastregion.gov.mk/)
- Центарот за развој на Источен плански регион (https://eastregion.mk/)
- Општините во Североисточен и Источен плански регион (на web страните на општините),
Објава на Јавното известување во печатен медиум (дневен весник на македонски и албански јазик) достапен на цела територија на државата.
Се повикуваат локалните самоуправи од Североисточниот и Источниот регион, јавните комунални претпријатија, претставниците на бизнис секторот, сите заинтересирани страни, институции, организации, здруженија, претставници на граѓанските здруженија, стручната јавност и локалното население активно да се вклучат во јавниот увид на нацрт документите и да ги достават своите коментари, забелешки и предлози во однос на документите.
Предлозите, мислењата, коментарите и забелешките можат да се достават во електронска форма до следните контакт-лица:
- Г-дин Емил Василев, контакт-лице од Источниот плански регион, на e-mail: emil.vasilev@eastregion.mk;
- Г-дин Саша Кузмановиќ, контакт-лице од Североисточниот плански регион, на e-mail: sskuzmanovic@yahoo.com
Како дел од постапката за стратегиска оценка врз животната средина за планскиот документ, Меѓуопштинските одбори за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион организираат јавни расправи на кои исто така јавноста може да ги даде своите забелешки и коментари по нацрт документите ставени на јавен увид.
Распоред на одржување на јавни расправи
| Регион | Локација | Ден | Почеток/Час |
|---|---|---|---|
| Источен плански регион | |||
| Општина Кочани | Мултикултурен Центар Кочани | 20.10.2026 | 11:00 |
| Општина Делчево | Спомен Дом АСНОМ во Делчево | 21.10.2026 | 11:.00 |
| Североисточен плански регион | |||
| Општина Куманово | Сала во поранешен Комитет во Куманово | 22.10.2026 | 9:00 |
| Општина Ранковце | Совет на Општина Ранковце | 22.10.2026 | 13:00 |
Доколку има потреба од превод на албански јазик во некоја од општините, истиот ќе биде обезбеден. Ве молиме контактирајте го одговорниот во Центарот за развој на планскиот регион.
Ве повикуваме да земете активно учество и на јавните расправи и да придонесете кон воспоставувањето на модерен, еколошки и ефикасен систем за управување со отпадот во регионите, заштита на животната средина, здравјето на населението, нашите природни убавини и ресурси.
Ги очекуваме Вашите коментари, предлози и мислења до 15 ноември 2026 година кога завршува јавниот увид и консултацијата со јавноста.



