Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски во посета на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ – во Делчево ќе се постави опрема за мерење на земјотреси

  • Новости

Градоначалникот на Општина Делчево оствари посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ), во рамки на активностите за унапредување на соработката со научните и стручните институции и јакнење на безбедноста на локалното население.

Во фокусот на посетата беше најавеното поставување опрема за мерење на земјотреси на територијата на Општина Делчево. Со поставувањето на оваа опрема ќе се овозможи подобро следење и регистрирање на сеизмичките активности во регионот, што претставува значаен чекор кон унапредување на научното следење на природните појави и информираноста за сеизмичките случувања.

Соработката со Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ е од особено значење за Општина Делчево, имајќи ја предвид важноста од навремено и стручно следење на сеизмичките појави, како и од достапноста на релевантни научни податоци за регионот.

Поставувањето на опремата ќе придонесе за подобро познавање на локалната сеизмичка активност и ќе создаде услови за поефикасна размена на информации и стручни сознанија меѓу научните институции и локалната самоуправа.

Општина Делчево и понатаму ќе продолжи да ја поддржува соработката со стручните и научните институции, со цел унапредување на безбедноста, заштитата на граѓаните и развојот на локалната заедница.

Shares