ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Општина Делчево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија и Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 21.10.2026 година се објавува:

 

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Нега на деца во претшколско образование и лица со попреченост” за работно ангажирање од 40 (четириесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани 40 (четириесет) работни часови неделно, за период  од 9 (девет) месеци при што статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување- активни баратели на работа  со стекнат сертификат за давател на услуга во согласност со активностите кои се поддржани со мерката ОКР.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 24.000,00 денари бруто износ со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – Делчево – 2 (два) извршители;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност и  задолжителен сертификат за неговател за лица со попреченост.

  • Неговател на деца во претшколско образование во ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево – 2 (два) извршители;

Потребни квалификации – Завршено четиригодишно средно образование– Гимназиско   образование, средно медицинско, музичко, ликовно или фискултурно училиште  и   задолжителна важечка лиценца за неговател, комуникативни вештини.

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 21.10.2026  година до 28.10.2026 година од 07.30 часот до 15.30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување – Делчево  кај лицето Даниела Трајановска,  Центар за социјални работи Делчево кај лицето Александра Трајановска.

 

 

                                                                                                                           ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО  Градоначалник
 Иван Гоцевски

Shares