Општина Делчево апелира: не согорувајте отпад и недозволени материјали за затоплување

  • Новости

Општина Делчево апелира до граѓаните, правните и физичките лица дека со цел да се спречи загадувањето на амбиенталниот воздух, да не користат како огревен материјал за затоплување на просториите недозволени средства, како: гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков друг вид отпад кои при согорувањето испуштаат отровни материи и го загадуваат амбиенталниот воздух.

Општина Делчево соопштува дека инспекциските служби ќе вршат вонреден инспекциски надзор посебно во инсталациите каде има значителни емисии во амбиенталниот воздух и согласно со законските одредби ќе се преземаат соодветни казнени мерки.

Воедно, Општината ги известува сите граѓани дека можат да пријават сомневања за загадување на воздухот преку:

·         Архивата на Општина Делчево, ул. „Љубомир Белогаски“ бр. 1,

·         Формата „Пријави проблем“ на следниот ЛИНК,

·         Е-маил: info@delcevo.gov.mk,

·         До инспекторот за заштита на животна средина,

·         Како и преку сите други електронски канали на Општината.

 

Инаку, Општина Делчево има набавено нова станица за мониторинг на PM10– честички каде граѓаните преку ЛИНКОТ достапен на општинската страница можат во реално време да го следат квалитетот на воздухот во градот Делчево.

Shares