
По повод манифестацијата „Пијанечки денови на сливата” и Саемот на традиционална храна и рачни изработки која ќе се одржи на 3 ноември 2026 година (вторник) во селото Град, Општина Делчево ги информира сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на овој репрезентативен настан, дека има обезбедено слободен превоз на релација Делчево-село Град и обратно.
Превозот за сите заинтересирани граѓани ќе тргне од паркингот пред Спомен –домот АСНОМ во центарот на Делчево во 10.00 часот на релација Делчево- село Град., а враќањето е предвидено во 15.00 часот на релација село Град- Делчево.
Настанот е од промотивен карактер така што посетителите ќе може да дегустираат од изложените домашни производи од слива



