Во Делчево поставена сеизмолошка опрема за следење на земјотресите

  • Новости

Во атарот на с. Тработивиште во близина на Прочистителната станица за вода денеска е поставена сеизмолошка опрема за следење и регистрирање на земјотресите со што се овозможува подобро следење на сезимичката активност во овој регион.

Опремата е обезбедена и поставена од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, како дел од активностите за унапредување на сеизмолошкиот мониторинг и прибирање податоци за земјотресите.

Поставувањето на опремата е особено значајно ако се има предвид дека Делчево и Берово припаѓаат на источно-македонската сеизмогена зона во која се регистрираат сеизмички активности.

Исто така, со поставувањето на опремата се унапредуваат условите за научно следење на земјотресите и се создава можност за подетално запознавање со сеизмичките карактеристики на Делчевскиот регион.

Општина Делчево ја поддржува соработката со научните институции препознавајќи ја важноста на  стручните истражувања и достапноста на релевантните информации за природните појави.

Shares