Покана за јавна презентација на отчетот на градоначалникот Гоцевски

  • Новости

Почитувани,

По повод одбележувањето на една година од преземањето на локалната власт, Ве покануваме да присуствувате на настанот на кој градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, ќе ги презентира реализираните активности, постигнатите резултати и сработеното во изминатата година, како и идните планови и приоритети за развој на општината.

Ова ќе биде можност за заеднички осврт на сработеното, споделување на визијата за иднината и продолжување на соработката во интерес на граѓаните и развојот на Делчево.

Датум: 20 ноември 2026 година (петок)
Почеток на отчетот: 19:00 часот
Музички концерт: 20:00 часот

Во продолжение на настанот, следува музички концерт на Бојана Скендеровски, која ќе ја збогати вечерта со музика и добро расположение.

Вашето присуство ќе ни претставува особена чест и задоволство!

Со почит,

Општина Делчево

Shares