Покана за учество на инфо-сесија за „Зелена транзиција на бизнисите“ за претставници на микро, мали и средни претпријатија

  • Новости

На 27 ноември (петок), со почеток во 10:00 часот, во Спомен-домот АСНОМ во Делчево, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА ќе одржи јавна промоција на првиот финансиски инструмент за поддршка на компаниите, во рамките на проектот „Greening Business Facility“, кофинансиран од Европската Унија.

Целта на настанот е компаниите и претприемачите подетално да се запознаат со можностите за добивање финансиска поддршка за имплементација на меѓународни стандарди од областа на заштитата на животната средина, енергетската ефикасност, циркуларната економија и одржливото работење.

На презентацијата ќе бидат опфатени условите и роковите за аплицирање, потребната документација, како и придобивките од воведувањето меѓународни стандарди во работењето на компаниите.

Општина Делчево ги поканува локалните компании, претприемачите и сите заинтересирани стопанственици да присуствуваат на презентацијата и одблиску да се запознаат со можностите за финансиска поддршка за унапредување и модернизација на нивното работење.

Shares