С О О П Ш Т Е Н И Е за даночните обврзници

Општина Делчево ги повикува своите даночни обврзници (правни и физички лица) кои имаат неплатени, доспеани обврски по основ на данок на имот и комунална такса за истакнат назив на фирма (фирмарина), да ги подмират своите задолжувања во најкраток можен рок.

Неплатените обврски по основ на локални даноци и такси претставуваат ненаплатени сопствени приходи на Општината, кои се од суштинско значење за финансирање на локалните активности, реализација на проекти, одржување и унапредување на комуналната инфраструктура и подобрување на услугите и условите за живот на граѓаните.

Заради подобрување на наплатата на локалните приходи, Општина Делчево ќе продолжи со активности за наплата на доспеаните задолжувања, при што за даночните обврзници кои не ги подмируваат своите обврски ќе бидат преземени законски мерки, вклучително и иницирање постапки за присилна наплата, согласно законските прописи.

Ги повикуваме даночните обврзници да ја проверат состојбата на своите задолжувања и навремено да ги подмират обврските, со цел да избегнат дополнителни трошоци кои можат да произлезат од постапките за присилна наплата.

За информации, проверка на задолжувањата и начините на плаќање, граѓаните и правните лица можат да се обратат до Одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци при Општина Делчево.

Shares