
По повод 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост Општина Делчево Ве поканува заедно да придонесеме за достојно одбележување на Деновите на хуманост во Делчево. Целта на настаните е да градиме заедница со еднакви можности а со тоа да ја подигнеме јавната свест за солидарност, хуманост, емпатија и почитување на различностите.
Во рамки на програмата ќе се реализира следното:
02.12.2025 година (вторник)
9.00 часот – ликовна работилница во ликовното атеље „Љубомир Белогаски“ при
НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево,
13.00 часот – детско кино во кино салата во Делчево
03.12.2025 година (среда)
10.00 часот – еднодневен саем на книги – „Сакам книги“ во организација на
ЈЛБ „ИЛИНДЕН“ Делчево,
10.30 часот – промоција на инклузивна „Куќичка на надежта“ (градски парк),
11.30 часот – промоција на социјалното претпријатие „ИНТЕГРА“ (стара касарна )
Организатори на Програмата:
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ЈЛБ „Илинден “Делчево
НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Делчево
Совет на млади на Општина Делчево
Комисија за еднакви можности
ЗГ „Бравура кооператива“
ОО Црвен крст Делчево
Клуб на активизам



