Врз основа на член 36 став (1) точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 17 и 17-а став (2) од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024) и член 22 став 1 од Статутот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ број 15/2013, 2/2019 и 1/2021), а по предлог на Градоначалникот на Општина Делчево, Советот на Општина Делчево објавува:
PUBLIC CALL
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Delchevo
ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на (5) члена во Управен одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА, Делчево, со седиште на ул. „Методи Митевски Брицо“ бр.36, Делчево.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk и на веб страната на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево https://www.jkpbregalnica.mk.
УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на Управен одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА Делчево може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll/1 степен образование
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Членовите на управниот одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА –Делчево, треба да имаат и најмалку 5 години работно искуство, и тоа:
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА, Делчево изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на управниот одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА –Делчево се:
- Образец за пријавување,
- Кратка биографија,
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Постапката за селекција на членовите на управен одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА, Делчево.се состои од две фази и тоа:
-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и
– Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Делчево: https://www.delcevo.gov.mk.
РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Јавниот повик се објавува на ден 01.12.2025 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 05.12.2025 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:
Архивата на Општина Делчево, ул.„Светозар Марковиќ“ бр.1, Делчево (со назнака: За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на Јавно комунално претпријатие БРЕГАЛНИЦА, Делчево).
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
Јавен повик за избор на управен одбор
Образец за пријавување
Бр. 09 – 2739/2
01.12.2025 година
Delchevo
COUNCIL OF THE MUNICIPALITY OF DELCEVO
President
Николчо Стојменовски



